×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




PETG

Филаментите PET и PETG се познати по леснотијата на печатење, мазната завршна површина и водоотпорност.

PETG филаментот е технички како некоја средина помеѓу ABS и PLA филаментите.

Овој филамент е повеќе флексибилен и поиздржлив од PLA, а и полесно се ракува од ABS филаментот.

PETG многу лесно впива влажност и истата има несакани последици врз филаментот, па токму заради таа причина е многу важно да се чува на суво место.

Во процесот на 3Д печатење, PETG филаментот е по-леплив, за разлика од другите, и поради тоа е лош избор за suports.

#хемискиотпорен #цврст #водоотпорен

PETG е модифицирана верзија на Polyethylene Terephthalate (PET) , која најчесто се користи за производство на шишиња со вода. Тоа е полу-крут материјал со добра отпорност на удар, но има малку помека површина што го прави склон на свиткувања. Материјалот исто така има корист од одличните термички карактеристики, дозволувајќи и на пластиката ефикасно да се лади со речиси занемарливи димензионални неточности. Постојат неколку варијации на овој материјал на пазарот, вклучувајќи PETG, PETE и PETT. Советите во оваа статија ќе се однесуваат на сите овие видови PET- филаменти.

ПРЕДНОСТИ

Сјајна и мазна завршна површина

Добро се држи до bed-от со занемарливо искривување

Претежно без мирис при печатење

НЕДОСТАТОЦИ

Лоши карактеристики на премостување ( bridging ) 

Може да произведе тенки влакна на површината (,,жици”)

ХАРДВЕРСКИ БАРАЊА

Пред 3Д печатење со PET, проверете дали вашиот 3Д печатач ги исполнува хардверските барања наведени подолу, за да обезбедите најдобар квалитет на печатење.

BED 

Температура: 75-90 ° С

Се препорачува загреана плоча

Не е потребно куќиште за 3Д печатачот

Extruder

Температура: 230-250 ° С

Не е потребен hot-end

Cooling

Потребен е вентилатор за ладење на одреден дел

НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ

Споделуваме совети кои ќе ви помогнат да ги намалите шансите за вообичаени проблеми со 3Д печатењето, поврзани со PET филаментот, како што се креирање ,,жици” од филамент или тешко залепување до површината на печатење.

  • Инвестирајте во добра build површина Некои 3Д принтери имаат стаклена плоча, или сина лента инсталирана на плочата. Иако овие површини можат да работат добро за PETG, препорачуваме да користите платформа која се загрева (heated-bed) за најдобри резултати. Загреаната плоча може значително да ја подобри адхезијата на првиот слој, правејќи ги работите многу полесни за понатамошното печатење. 

  • Спречете го креирањето на ,,жици” од филаментот Едно од ретките вообичаени проблеми што ги гледаме со PETG е креирањето на ,,жици” . Под тоа подразбираме тенки влакна, слични на пајакова мрежа, кои течат помеѓу различната површина на вашиот 3Д-принт. Спречувањето на овие жици бара прецизно калибрирани поставки за повлекување на материјал низ екструдерот, затоа погрижете се да ги прилагодите растојанието и брзината на повлекувањето за најдобри резултати.

  • Оптимизирајте ги опциите за екструдерот за да избегнете blobs & zits

Кога 3Д печатите на повисоки температури со PETG, може да забележите мали топчиња од пластика или топчиња со воздух, на површината на вашиот модел. Овие дефекти на печатењето обично се јавуваат на почетокот или на крајот на секој сегмент, каде што екструдерот треба одеднаш да започне или да престане со екструдирање на пластика. Постојат неколку начини да се отстранат овие дефекти на печатење, како што се овозможување на опции за динамичко повлекување. Експрериментирајте преку вашиот одреден софтвер за 3Д печатење се додека не ги средите коректно овие опции согласно вашиот модел.

СОВЕТИ

Сјајната површина на PETG е особено корисна кога се користат rafts. 3Д моделот лесно се одделува од рафтот и дава чиста и мазна завршна површина.

Обидете се да го оневозможите вашиот вентилатор за ладење за првите неколку слоеви на печатењето, како би спречите искривување. Овој трик особено работи добро за поголеми принтови.