×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




HIPS

HIPS е лесен материјал кој најчесто се користи како растворлива структура за поддршка на моделите ABS.

#растворлив #отпореннатоплина #отпореннавлијанија #цврст

HIPS, односно High Impact Polystyrene, е растворлив материјал за поддршка што најчесто се користи во комбинација со ABS. Кога се користи како материјал за поддршка, HIPS може да се раствори во d-Limonene, оставајќи го вашиот 3Д принт без траги предизвикани од отстранување на support-от. HIPS има многу слични карактеристики на печатење како и ABS, што го прави логичен партнер при 3Д печатењето. HIPS не само што е одличен за поддршка на вашите ABS принтови, туку истиот е и димензионално постабилен и малку полесен од ABS, што го прави одличен избор за делови што на крајот ќе се истрошат или се користат во намени каде можат да имаат корист од помалата тежина.

ПРЕДНОСТИ

Ниска цена

Отпорен на удар Лесен

Растворлив

НЕДОСТАТОЦИ Потребен е загреана плоча

Се препорачува загреано куќиште при печатење

Висока температура на печатење

Потребна е вентилација

ХАРДВЕРСКИ БАРАЊА

Пред 3Д печатење со HIPS, проверете дали вашиот 3Д печатач ги исполнува хардверските барања наведени подолу, за да обезбедите најдобар квалитет на печатење.

BED 

Температура: 100-115 ° С

Heated bed Препорачливо е куќиште за 3Д печатачот

Extruder

Температура: 230-245 ° С

Не е потребен посебен hot-end

Cooling

Вентилатор за ладење не е потребен

НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ

Споделуваме совети кои ќе ви помогнат да ги намалите шансите за вообичаени проблеми со 3Д печатењето, поврзани со HIPS филаменти, како што се искривување и слаба адхезија со плочата за првите слоеви.

  • Инвестирајте во добра површина за градење Од причина што постои слаба адхезија (лепење) со плочата на која се печати, што може да предизвика понатамошни грешки при процесот на 3Д печатење, препорачуваме да инвестирате во добра плоча. Исто така се препорачува и користење на Kapton Tape за лепење на првиот слој

  • Обезбедете висока температура во просторијата За да се превенира собирање и искривување на HIPS филаментот препорачливо е просторијата во која печатите да има малку повисока температура. Најидеално е доколку се затвори 3Д печатачот со соодветно куќиште.

  • Наместете ги сетинзите за да превенирате одвојување на слоевите Печатењето со HIPS може да бара дополнителна грижа за сигурноста дека секој слој од печатењето е безбедно поврзан со претходниот слој. Во спротивно, може да забележите разделување или пукање помеѓу слоевите. За да го подобрите сврзувањето помеѓу слоевите, размислете за намалување на висината на слојот или за зголемување на температурата на екструдерот. И двете од овие промени ќе помогнат да се подобри адхезијата помеѓу слоевите.

СОВЕТИ

Некои HIPS филаменти вклучуваат адитиви кои ги олеснуваат печатењето на филаментите, но истите овие адитиви можат често да го отежнат растворањето на материјалот и да се отстранат. 

За да ја подобрите адхезијата на плочата, размислете за употреба на кашеста маса ABS. Оваа мешавина може да се создаде самостојно со мешање на парчиња филамент ABS со ацетон и потоа нанесување на смесата на површината на вашата плоча за печатење.