×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ABS 

ABS е материјал со ниска цена, одличен за печатење на цврсти и издржливи делови што можат да издржат високи температури.

#отпореннатоплина  #отпорен на влијанија #цврст

ABS (Acrylonitrile Butadiene Styrene) има долга историја во светот на 3Д печатењето, бидејќи е материјал кој е еден од првите типови на пластики користени со индустриските 3Д печатачи. Дури и денес, ABS е сè уште многу популарен материјал благодарение на неговата ниска цена и добрите механички својства. ABS е познат по својата цврстина и отпорност на удар, што ви овозможува да печатите издржливи делови. Светски познатите LEGO коцки, кои се дел од сечие детство, се направени токму од овој материјал, заради нивната причина за издржливост. ABS материјалот може да издржи и многу високи температури, пред да започне да се деформира неговата 3Д испечатена форма. Ова го прави ABS одличен избор за принтови кои можеби е потребно да бидат изложени на отворено, или некаде на повисока температура. Кога печатите со ABS, не заборавајте да користите отворен простор со добра вентилација, бидејќи материјалот има тенденција да има мал мирис. ABS, исто така, има тенденција да се собира како што се лади, така што би имале поголема придобивка доколку ја контролирате температурата додека се гради волуменот на вашиот принт.

ПРЕДНОСТИ

Ниска цена Добра издржливост

Мазна површина на моделите

Добра отпорност на топлина

НЕДОСТАТОЦИ

Тешко искривување

Потребен е heated bed или heated chamber на 3Д печатачот

Произведува остар мирис при печатење

Деловите имаат тенденција да се намалуваат доведувајќи до мала димензионална неточност

ХАРДВЕРСКИ БАРАЊА

Пред 3Д печатење со ABS, проверете дали вашиот 3Д печатач ги исполнува хардверските барања наведени подолу, за да обезбедите најдобар квалитет на печатење.

BED 

Температура: 95-110 ° С

Задолжителен heated bed

Се препорачува затворен 3Д печатач

Extruder

Температура: 220-250 ° C

Не е потребен hot-end

Cooling

Вентилатор за ладење не е потребен

НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ

Споделуваме совети кои ќе ви помогнат да ги намалите шансите за вообичаени проблеми со 3Д печатењето, поврзани со ABS филаментот, како што се искривување и испарување при печатење.

  • Контролирајте го искривувањето Искривувањето е еден од најчестите проблеми со квалитетот на печатењето кај ABS материјалот. Овој недостаток се случува од причина што пластиката се лади од температурата на истиснување од екструдерот до собната температура, и таа разлика предизвикува намалување и контракција на пластиката. Ова може да биде особено проблематично за првиот слој, бидејќи оваа промена на големината честопати може да предизвика одвојување на делот од bed-от на печатачот, уништувајќи го понатамошниот принт. Овој ефект можете да го минимизирате со користење на соодветна површина за градење (build surface) загреана на 110 ° C. Градежната платформа ќе пренесе дел од својата топлина на првите неколку слоеви од вашиот дел, што ќе спречи нивно намалување и одвојување од bed-от. Исто така, вообичаено е да се постави температура на екструдерот околу 10 до 20 степени повисока за првите неколку слоеви на вашиот 3Д принт, што исто така може да помогне да се намали ризикот од одвојување. Иако овие промени можат да помогнат во долните слоеви на 3Д принтот, на повисоките делови може да има проблеми бидејќи слоевите се оддалечуваат од плочата. Кога печатите поголеми делови, размислете да додадете куќиште околу вашиот печатач за да одржувате повисока температура околу печатењето. Куќиштето исто така може да спречи наплив на мал ветер,што можат брзо да го оладат делот за време на печатењето.

  • Користете brims & rafts 

Кога печатите големи 3Д принтови или тенки нежни делови, ќе забележите дека сè уште ќе имате проблеми, за принтовите прицврстат на bed-от. Во овие случаи, додавањето на brims & rafts може да биде одличен начин за прицврстување на овој дел на платформата за градење и спречување на искривување. Brim - ќе додаде неколку прстени од пластика околу вашиот модел на првите неколку слоеви, создавајќи дополнителна површина за да ги држите рабовите на вашиот принт. Користењето raft всушност ќе отпечати целосно нова пластична структура под вашиот 3Д принт, што може да се отстрани по завршувањето на печатењето.

  • Печатете во просторија со добра вентилација Познато е дека печатењето со ABS произведува силен мирис со испарувања што може да биде штетно доколку се вдише во големи количини. Избегнувајте простории со лоша вентилација и ставете го вашиот печатач во добро проветрено место за да ги избегнете овие проблеми. Поновите 3Д печатачи може да вклучуваат посебен систем за филтрирање на воздухот или HEPA филтер што може да се справи со овие испарувања веднаш од изворот. Ако печатачот не ги вклучува овие карактеристики или сте ограничени каде можете да го поставите, размислете да отворите прозорец или да организирате воздушен канал за проветрување или пак, да најдете или изработите соодветно куќиште за 3Д печатачот.

СОВЕТИ

Доколку печатите со dual extrusion размислете да ставите PLA материјал како support, бидејќи не се придржува силно до ABS и многу полесно се отстранува без видливи траги.