Типови на филамент
Типови на филамент
Постојат повеќе типови на филаменти, односно материјали за 3Д печатење, чии својства имаат различна примена, во согласност со вашите функции и потреби. Основната поделба на филаментите ги вклучува:
Базични филаменти (the basics): PLA, ABS, PETG
Егзотични филаменти (exotic filaments): Wood Filament, Color Changing, Glow in the dark filament
Индустриски/Професионални филаменти (industrial/professional): Carbon Fiber, PVA.
БАЗИЧНИ ФИЛАМЕНТИ / THE BASICS
PLA FILAMENT
PLA филаментот го завзема тронот за најраспространет и најкористен филамент кај секојдневниот потрошувач. Лесно се инволвира во процесот на 3Д печатење,бидејки овој материјал има пониска температура на топење и помали се шансите да се превитка или оштети. Токму од таа причина и нема секогаш потреба од heating bed, иако секогаш оваа дополнителна функција многу помага за финалниот принт да има одличен резултат.
PLA филаментот е најраспространетиот филамент, а истиот се користи и кај почетници и кај професионални, а застапен е и за индустриска потреба. Го има во секакви бои и стилови за лесно да се прилагоди на потребите на клиентите.
Strength: | High |
Flexibility: | Low |
Durability: | Medium |
Difficulty to use: | Low |
Print temperature: | 180°C – 230°C |
Print bed temperature: | 20°C – 60°C (but not needed) |
Shrinkage/warping: | Minimal |
ABS FILAMENT
ABS филаментот е втор најкористен филамент после PLA филаментот.
Доколку ги споредуваме овие два типови на филаменти, ABS е по издржлив и долготраен, но процесот за 3Д печатење со него е малку отежнат.
ABS филаментот може да издржи повисоки температури на топење и има поголема шанса да се измени при ладење.
Strength: | High |
Flexibility: | Medium |
Durability: | High |
Difficulty to use: | Medium |
Print temperature: | 210°C – 250°C |
Print bed temperature: | 80°C – 110°C |
Shrinkage/warping: | Medium |
PETG FILAMENT
PETG филаментот е технички како некоја средина помеѓу ABS и PLA филаментите. Овој филамент е повеќе флексибилен и поиздржлив од PLA, а и полесно се ракува од ABS филаментот.
PETG многу лесно впива влажност и истата има несакани последици врз филаментот, па токму заради таа причина е многу важно да се чува на суво место. Во процесот на 3Д печатење, PETG филаментот е по-леплив, за разлика од другите, и поради тоа е лош избор за suports.
Strength: | High |
Flexibility: | Medium |
Durability: | High |
Difficulty to use: | Low |
Print temperature: | 220°C – 250°C |
Print bed temperature: | 50°C – 75°C |
Shrinkage/warping: | Low |
ЕГЗОТИЧНИ ФИЛАМЕНТИ / EXOTIC FILAMENTS
WOOD FILAMENT
Дрвениот филамент/Wood filament е мешавина од PLA филамент и некои микро фибери на дрво, дрвена прашина и останати деривати од дрво.
Постојат бор, бреза, кедар,абонос врба и многу други видови на Wood filament.
COLOR CHANGING FILAMENT
Филаментот кој менува боја/ Color changing filament може да биде мешавина на ABS и PLA филаменти. Карактеристично за овој тип филамент е тоа што е сензитивен на температура, и согласно на условите (топло/ладно) ја менува неговата боја.
GLOW IN THE DARK
Филамент кој свети во темница/ Glow in the dark е мешавина на фосфорен материјал и ABS или PLA материјал. Фосфорните честички се тие кои помагаат овој материјал да емитира светлина во темни простории. Како би можело ова својство да се активира, филаментот е потребно најпрво да биде на светлина за да собере енергија за потоа да може да ја емитува.
ПРОФЕСИОНАЛЕН ИНДУСТРИСКИ ФИЛАМЕНТ / PROFESSIONAL INDUSTRIAL FILAMENT
CARBON FILAMENT
Карбонскиот филамент / Carbon Filament е всушност PLA или ABS, со мешавина на карбон фибер.
Карбонските фибери се тие кои го прават материјалот по цврст и со мала тежина.
Најчесто овој тип на филамент се користи за некои структури на кои им треба да издржат поголеми сили.
Проблемот со карбон филаментот е што при процесот на 3Д печатење ја гребе и штети обичната нозла (nozzle) на принтерот. Кога се користи ваков филамент треба да се смени нозлата (nozzle) со друга направена од некој поцврст материјал, наменета за печатење со карбонски филамент.