Графичките таблети на Xp-Pen достапни во M3DS-STORE

Xp-Pen е компанија основана во Јапонија во 2005 година, која започнала со истражување и развој на графички таблети. Во 2015 година, XPPEN Technology Co. е основана во САД, со што тимот на Xp-Pen ја прошириле својата иновативна технологија на производи за графички таблети, и на глобалниот пазар. До 2017 година, преку воспоставување на добри кооперативни односи со дистрибутери во различни земји и региони, производите на  Xp-Pen добиле импресивен удел на пазарот во Азија, Северна Америка, Европа, преку што Xp-Pen производите уживаат добра репутација во индустријата. Xp-Pen стана позната марка на дигитални графички таблети и јасно е дека корисниците од целиот свет ги ценат алатките, технологијата и вредноста што Xp-Pen ги носи на пазарот. Со долгогодишната соработка, овие Xp-Pen иновативни производи ги правиме достапни и за македонскиот пазар, преку официјалниот застапник M3DS-STORE.

Како што кажува и самото име на Xp-Pen: X-Infinite, P-Possibility, Pen-Digital Pen, ги правиме достапни бесконечните можности со дигиталните пенкала. Овозможуваме непречен проток на вашите креации, употребувајќи ја најновата технологија за дигитално творење. Преку овие графички таблети, го носиме секој уметник во дигиталното време со алатки и технологија за да одговараат на нивните индивидуални потреби.

Производната линија на Xp-Pen содржи континуирани технолошки иновации, како би била достапна за секого и би ги задоволила потребите на секаков тип на клиенти.

  • Серијата Deco и Star графички таблети е одлична за секаков тип почетници, 2Д и 3Д артисти, професорска работа во дигиталното време, правење на дигитални белешки, успешно водење состаноци. Со што можеме да заклучиме сека серијата Star и Deco таблети се клучот до секаков деловен и артистички успех.

  • Artist серија на графички таблети, наменета за напредни корисници и артисти кои сакаат да имаат апсолутен визуелен приказ на нивните креации, токму на високо квалитетните екрани од Xp-Pen Artist серијата. Наменети за графичко цртање, 3Д моделирање, анимирање, концепт-арт и многу повеќе

  • Innovator серијата, која носи комбинирано иновативно задоволство при креирањето, тип на симбиоза помеѓу претходните серии на таблети, издвојувајќи ги најдобрите карактеристики, и склопувајќи ги во единствен тип на графички таблет.

  • Deco Mini & Smart Notepad сериите, кои нудат графички таблети со мали димензии, одлични за водење дигитални мини цртежи, водење дигитални белешки на деловни состаноци, конференции и сл. на брз, уникатен и ефективен начин.

Одлучни сме да ја донесеме технологијата, иновативноста и експертизата сите корисници на македонскиот пазар, и токму затоа се одлучивме да го сториме тоа преку Xp-Pen и да понудиме врвен квалитет, професионализам и ефективност. Нарачајте го вашиот нов графички таблет на XP-PEN, само преку официјалниот застапник M3DS-STORE.